Роналдо неочекувано се појавни на прес конференција, еве што имаше да каже ЦР7

by
2 минути читање

Кристијано
Роналдо минатата недела крена голема париша откако во разговор со Пирс Морган
си ја отвори душата за случувањта во Манчестер јунајтед и упати сериозни
критики кон Ертик тен Хаг, „ѓаволите“ и сопствениците на клубот.

Неговите коментари
се топ тема, па соиграчите од Португалија често добиваа прашања за
бомбастичното интервју.

Очигледно Кристијано
Роналдо сака целиот фокус да биде на мундијалот, па утрово неочекувано се
појави на прес конференција во Катар и покрај тоа што немаше најава од таборот
на Португалија дека напаѓачот ќе разговара со медиумите.

„Тајмингот
секогаш ќе биде тајминг. Од ваша страна можеби изгледа лесно како го бираме
тајмингот. Понекогаш пишувате вистинити работи, понекогаш пишувате лаги. Гајле
ми е што мислат другите. Сите знаат кој сум, во што верувам
.
Илегувам да кажам нешто кога сакам да
кажам. Отпорен сум на куршуми“
– порача Кристијано Роналдо.

За видеото кое се
појави од соблекуваната на Португалија и ладниот поздрав со Бруно Фернандеш,
тој вели: „Мојот однос со Бруно е одличен. Тој се појави подоцна на тренинг и го прашав дали пристигна со брод. Толку беше. Се што се случува околу мене креира
дебата, но инсистирам, имам одличен однос со целиот тим, со Бруно, со Кансело,
со Жоао Феликс… И ќе ја искористам оваа прилика за да ве замолам да
престанете да ги прашувате моите соиграчи за мене. Прашувајте ги за Португалија“.

Тој потоа додаде:
„Ако на 37 години и 8 месеци треба да се докажувам… Го почитувам мислењето на
луѓето. Јас едноставно сакам да имам добро Светско првенство за моето семејство
и моите фанови. Секако дека сакам да го освојам, но доколку не успеам, ќе бидам
среќен со она што го постигнав до сега“.

„Триумф на
Светското првенство ќе биде спектакуларно. Но сите сакаат да го освојат, а само
еден може да го освои“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани