Вечерва во Париз се доделува престижната индивидуална награда „Златна
топка“, церемонијата ќе започне во 20:30 часот во театарот Шатле, а кремот во
фудбалот ќе почне да се појавува на црвениот тепих во 19:30 часот.
Спектаклот ќе биде посиромашен за едно од најголемите имиња во светот,
Кристијано Роналдо нема да се појави во престолнината на Франција. ЦР7, кој има
пет трофеи „Златна топка“, според последните гласини нема да биде ниту помеѓу
тројцата финалисти и ќе треба да гледа како големиот ривал Лео Меси ја
подигнува шестата „Златна топка“.
Медиумите од Италија пишуваат дека тој ќе присуствува на друг настан и ќе
патува за Милано каде ќе се избираат најдобрите во Калчото за сезоната 2018/19.
Се најавува дека Португалецот ќе биде прогласен за најдобар играч во Серија А, а
ќе се најде и во идеалниот тим.