Кристиано Роналдо
ќе го прескокне мечот на својата репрезентација Португалија со
Италија во воведното коло од Лигата на нации, сето тоа поради една причина, за
целосно да се фокусира на Јувентус.
Роналдо наводно
верува дека во моментов е многу поважно да се посвети на Јувентус, клуб кој во
моментов за него е голем приоритет.
33 годишниот
Португалец не успеа да погоди во двете почетни кола од новата сезона во
италијанската Серија А, а од таму пристигнуваат информации дека паузата поради
репрезентативните натпревари ќе ја искористи за подобра адаптација во неговиот
нов клуб каде летово пристигна од Реал Мадрид.
Првиот стрелец на
Португалија и капитен на таа селекција ќе го прескокне дуелот со Италија на 10
септември, како и контролката против Хрватска четири дена претходно.