Реал Мадрид ќе
биде без првата своја ѕвезда на реваншот против Барселона во Суперкупот на
Шпанија како и во првите четири кола во Примера.
Дисциплинската
комисија попладнево ја изрече казната за Кристијано Роналдо од вчерашниот
инцидент на Камп Ноу.
Португалецот доби
еден натпревар суспензија поради двата жолти картони и исклучувањето.
За непромислениот
потег кога Кристијано Роналдо го турна судијата Де Бургос поради црвениот
картон, играчот доби четири натпревари суспензија.
Реал Мадрид исто
така ќе плати 1.400 евра парична глоба, а самиот играч ќе треба да плати 3.005
евра.
Со ваквата
одлука, ЦР7 нема да биде во комбинација за дуелот со нашиот Енис Барди и Леванте, како и средбите со Депортиво, Валенсија
и Реал Сосиедад.