Роналдо не се појави во Монако а неговиот агент распали по УЕФА: Ова е смешно, срамота!

by
1 минути читање

Кремот на Европа
попладнево се собра во Монако за извлекување на групите во Лигата на шампионите,
церемонија на која беа прогласени и најдобрите изминатава сезона.

Главната награда
му припадна на Лука Модриќ, кој беше прогласен за најдобар играч во годината, и
ваквиот избор го разгневи агентот на Кристијано Роналдо.

„Роналдо постигна
15 гола и го предводеше Реал до нова титула во Лигата на шампионите. Ова е
смешно, срамота! Не сакам да го оспорам квалитетот на победникот, тој е
најдобар на својата позиција“
– порача Жорж Мендеш кој сепак не кажа зошто ЦР7 не допатува
во малото кнежевство.

Многумина се
зачудени зошто Кристијано Роналдо не се појави во Монако, и до овој момент нема
објаснување за неговото отсуство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×