Роналдо не сака улица во Мадрид, има само една желба: Фановите да не ме свират на Бернабеу

by
1 минути читање

„Кралевите“ со
4-2 го добија реваншот против Баерн Минхен, а Кристијано Роналдо одново беше
главен играч, ЦР7 постигна три погодока.

Тој стана првиот
играч со 100 голови во Лигата на Шампионите, а стана и најдобар стрелец на Реал
Мадрид на Сантијаго Бернабеу.

За ваквите
постигнувања, Кристијано Роналдо сигурно ќе добие признание, а за играчот
поважно е тој да не добива свирежи на Сантијаго Бернабе отколку улица со
неговото име во Мадрид.

„Не ми треба
улица, барам само да не ме свират на Бернабеу, никогаш
– вели ЦР7.

„Секогаш го давам
максимумот, работам напорно за Реал Мадрид“.

За дуелот со
„Баварците“, тој додава: „Без сомнеж бевме подобри вечерва. Не е лесно да му
се дадат шест гола на Баерн. Ние сме фер победници
.

„Баерн покажа
дека е одличен тим, но ние одиграме на потребното ниво
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани