Роналдо не сака да се опрости од Реал, но ќе му ја исполни желбата на Перез

by
1 минути читање

Се ближи
разврската на трансфер сагата на Кристијано Роналдо, како што пренесуваат
медиумите од Шпанија, Жорж Мендеш го известил Флорентино Перез дека Јувентус ќе
понуди 100 милиони евра.

Претседателот на
Реал Мадрид сега е на потег и треба да го прифати предлогот за да го испочитува
џентлменскиот договор даден на почетокот од годината.

Исто така, се
говори дека ЦР7 не сака официјален настан на кој ќе се збогува од „Кралевите“,
но ќе му ја исполни желбата на Флорентино Перез и условот кој му е поставен за
заминување.

Кристијано
Роналдо ќе се огласи јавно за да објасни зошто решил да го напушти Сантијаго
Бернабеу, со цел да превземе вина за трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×