169
Кристијано Роналдо вели дека наскоро ќе објави крај на кариерата, би играл најмногу уште сезона или две.
Роналдо првпат изјавува дека наскоро ќе се пензионира. Призна дека неговата кариера ќе трае до крајот на оваа сезона или наредната.
„Ќе се пензионирам наскоро, направив и дадов се за фудбалот во последните 25 години. Веројатно уште една или две години ќе играме. Сигурно ова ќе биде моето последно Светско првенство. Навистина уживам во моментот“, вели Роналдо.
Се чини дека Португалецот ја брка бројката од 1.000 голови, па сезоната кога ќе го направи тоа, ќе биде и неговата последна.