Роналдо направи убав гест пред да летне кон Русија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На аеродромот во Лисабон, Кристијано Роналдо му го направи денот на едно дете пред да летне кон Русија.

Детенцето со име Рафаел Агостињо успеа да му избега на обезбедувањето, да дојде до Роналдо и да го запознае својот идол. 

Тој побара автограм од Роналдо и го доби, а потоа доби и внимание од медиумите. Ден кој долго ќе го памети.

Португалија Светското првенство во Русија ќе го почне со дерби против својот сосед Шпанија во Сочи на 15. јуни. Покрај нив во групата Б се уште Мароко и Иран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани