Роналдо наброја неколку клубови со кои преговарал пред да потпише за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Во интервјуто кое
португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го даде за „ТВИ“, објави неколку
интересни детали од своето минато во професионалната кариера, меѓу другото, членот
на Јувентус откри и со кои клубови преговарал пред да потпише за Манчестер
јунајтед во 2003. година.

Постоеа многу
контакти со повеќе екипи, како на пример Валенсија, исто така имав средба и со
Венгер за да разговараме околу можноста да се преселам во Арсенал, разговарав и
со Барселона, Реал Мадрид и Интер, но потоа се случи Манчестер јунајтед

открива Роналдо во интервјуто.

Во интервјуто 34
годишниот Португалец јасно посочи дека не ја исклучува можноста да се
пензионира идната година, и покрај фактот што има уште три години од договорот
со Јувентус, па дури и да игра до 40-тата, или 41-вата година. Исто така, тој
заклучи дека не постоел друг фудбалер со постигнувања како неговите досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×