Роналдо на уникатен начин го одбележал триумфот на Португалија во ЛН, не го заборави и Диого Жота

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Португалија пренесуваат дека Кристијано Роналдо поделил персонализирани часовници на соиграчите од репрезентацијата во чест на триумфот во Лигата на нации, подарок имало и за семејството на трагично починатиот Диого Жота.

Порталот СИК Нотисиас објави дека Кристијано Роналдо се здружил со луксузниот бренд „Џекјкоб & Ко“ за да направи персонализирани часовници за соиграчите од репрезентацијата на Португалија во чест на триумфот во Лигата на нации.

Часовниците биле поделени пред натпреварот против Ерменија во квалификациите за Светското првенство.

Кристијано Роналдо не заборавил на трагично починатиот Диого Жота, па неговиот часовник бил доставен до семејството.

„Ова се детали направени без желба за рекламирање, и ја покажува вистинската страна на Кристијано Роналдо. Многумина однадвор имаат слика за него што не одговара на вистината“ – напиша новинарот Нуно Луз.

Кристијано Роналдо често добива критики за своето однесување, така беше и кога не се појави на погребот на Диого Жота, и уживаше на својата јахта во Мајорка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×