74
Конечно, Роналдо се изјасни околу оваа тема, за која ниту
тој, ниту пак агенцијата „Жестифуте“ која е задолжена да се грижи за неговата
кариера, имааt намера да молчат.
„Имам чиста совест, целосно сум смирен“ на кратко
прокоментира Роналдо одговарајќи на прашањата на новинарите за време на собирот на
селекцијата на Португалија.
Кристијано Роналдо е обвинет дека во периодот од 2011 до
2014 затаил 14.7 милиони евра (околу 1.4 милиони во 2011, околу 1.7 милиони
евра во 2012, околу 3.2 милиони евра во 2013 и околу 8.5 милиони евра во 2014).