Роналдо на 33 години постигна најголема брзина на Мундијалот досега, разликата со Меси е голема

by
1 минути читање

Капитенот на
Португалија вчера го постигна четвртиот гол на Светското првенство во Русија,
најпрво три пати погоди против Шпанија во ремито, а донесе победа од 1-0 против
Мароко.

Ѕвездата на Реал
Мадрид ги победи сите 736 фудбалери кои се дел од големиот фудбалски турнир во
Русија во брзината.

На мечот против
Шпанија, дефинитивно најинтересен досега од Мундијалот, Роналдо постигна брзина
од цели 34 километри на час, а со тоа во моментов стана најбрзиот фудбалер на
Светското првенство, барем засега.

Најблиску до
Роналдо во однос на брзината беше фудбалерот на Перу, Луис Адвинкула, кој
стигна до 33.8 километри на час во една ситуација во поразот од Данска со 0-1
во воведното коло.

Ако се земе во
предвид конституцијата, можеби за некого би било изненадување, но близу Роналдо
е воедно и Ромелу Лукаку, Белгиецот постигна брзина од 32.8 на мечот против
Панама кој неговата селекција го доби со 3-0 каде тој погоди два пати.

Најголемиот ривал
на Роналдо, Лионел Меси во ремито со Исланд постигна брзина од 25 километри на
час, најголема досега за него на Мундијалот, дури и помалку од неговиот соиграч
во Барселона, Серхио Бускетс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани