Роналдо му се правдаше на судијата Еткинсон во тунелот: Не влијаев на играта, па нема офасајд (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Кристијано
Роналдо вчера го однесе Реал Мадрид на чекор до финале од Лигата на Шампионите,
ЦР7 со три гола го „потопи“ градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Сепак, и овој натпревар не помина без контроверзии, првиот гол на
Португалецот е спорен, тој во зачетокот на акцијата беше длабоко во
офсајд.

За оваа ситуација
се разви голема дебата на социјалните мрежи, а камерите го уловија и самиот
Кристијано Роналдо како разговора со судијата Мартин Еткинсон.

Пред почетокот на
второто полувреме, во тунелот, ЦР7 го запраша судијата: „Еткинсон, имаше ли
офасајд?

Англичанецот му
одговори: „Во прв момент имаше офсајд
.

На ова Роналдо
веднаш одговори: „Да но јас не влијаев на играта
, па нема офсајд”.

Cristiano+le+explica+a+Atkinson+la+jugada+del+1-0 by footbie.com


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани