Роналдо му честираше на Салах за наградата „Пушкаш“ но порача: Да не се лажеме, мојот гол е најдобар!

by
1 минути читање

ЦР7 за прв пат се
огласи по изборот на ФИФА за најдобрите изминатава сезона. Кристијано Роналдо
остана со празни раце откако Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер, а
Мо Салах ја доби наградата „Пушкаш“ за најубав гол.

Вечерва
Португалецот одговараше на прашаа од фановите во живо на Инстаграм, па упати
честитки до Хрватот и Египјанецот.

„Му честитам на
Модриќ за освоениот трофеј“
– порача Кристијано Роналдо кој не присуствуваше на
церемонијата во Лондон со образложение дека Јувентус имал згуснат распоред и
важни мечеви.
„Салах ја заслужи
наградата „Пушкаш“, постигна убав гол“.

Но кога по втор
пат беше запрашан за најдобриот гол во сезоната, ЦР7 истакна: „Да не се лажеме,
мојот гол беше најдобар. Но животот е таков, некогаш победуваш друг пат губиш“.

„Наградите се
награди, веќе имам освоено неколку… играм за да победувам а не за да освојувам
награди. Играм на највиско ниво веќе 15 години и горд сум на она што го
имам постигнато“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×