Португалецот во неколку наврати има изјавено дека не се гледа во фудбалот по крајот на кариерата, улогата на тренер или директор во моментов не го интересира ЦР7.
Зборувајќи на Глобал Сокер Авордс во Дубаи, Кристијано Роналдо сега откри дека сака да им посвети повеќе време на студиите и да сними филм во Холивуд кога еден ден ќе ги обеси копачките на ѕид.
„Во животот секогаш се обидувам да научам нешто ново, да се едуцирам и да осознаам нешто повеќе за работите кои ме интересираат. Сакам да надополнам за времето кога морав да се откажам од школото и да се посветам на тренинзите. Има живот по фудбалот. Секако дека сакам да освојам уште некоја титула во Лигата на шампионите, но тоа нема да ме направи посреќен. Полека се подготвувам за нов живот и некои работи што сакам да ги искусам. Сакам да го подобрам мојот англиски, да снимам филм во Холивуд… И за да го сторите ова, треба да ја напуштите комфорната зона, да си поставите предизвик и секако, да бидете опркужени од интелегентни луѓе“ – вели фудбалерот на Јувентус.
Кристијано Роналдо долги години е на врвот во фудбалот и заедно со Лео Меси се најдобрите на денешницата и едни од најдобрите во историјата.
„Нема тајни или чуда. Тоа што победувам каде и да отидам не е случајно, кога сте шампион, секогаш победувате. Но без работа, без посветеност и пасија за она што го работите, нема да постигнете ништо, нема ниту да победувате, ниту да освојувате трофеи, ниту да руштите рекорди. Исто така, многу е важно секогаш да бидете мотивирани, да го задржите тоа високо ниво. Повеќе не треба ништо никому да докажувам, освен на самиот себе и семејството. Сега треба да уживам во ова“.
За тоа колку време Португалецот одвојува за да биде во беспрекорна физичка подготвеност имаме слушнато најразлични приказни од негови поранешни соиграчи и тренери.
„Начинот на кој се грижам за моето тело е мој начин на живот. Морате да се жртвувате и 70% од времето да го посветите на фудбалот и вашето тело: физичка подготвеност, исхрана, опоравување… И не сите атлети се подготвени да го сторат ова“.
„Има доволно време за се, во денот има 24 часа па можете да тренирате, да одморите, да бидете со семејството и пријателите, да уживате итн. Потребно е да најдете баланс а не само тренинг и тренинг. Кога ќе увидите дека телотото повеќе нема капацитет да одговори на она што го наредува главата, треба да знаете како да се справите со новата реалноста. Многу работи треба да се научат“.
Кристијано Роналдо за помалку од два месеци ќе наполни 35 години, но не очекува во скоро време да стави крај на кариерата.
„Кога моето тело нема да реагира на посакуваниот начин на теренот, тоа ќе значи дека ќе треба да се повлечам. Пред многу години, идална возраст за крај на кариерата беше 30 или 32 години, но сега гледаме како 40 годишни фудбалери се уште играат“.
За тоа што очекува во новата година, ЦР7 вели: „Се надевам дека 2020 ќе биде одлична година, исто како што беа и претходните. Никогаш сум немал лоша година, тоа е така зошто секогаш посветувам многу време на подготвување“.