Роналдо ќе пропушти три меча во Серија А?

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Јувентус, Кристијано Роналдо според неофицијалните информации кои пристигнуваат
од Италија, се вели дека ќе пропушти три меча во Серија А, поради повреда со
која се здоби за време на интернационалната пауза.

Според известувањата
на Кориере дела Сера, петкратниот освојувач на Златната топка, ќе ги пропушти
дуелите со Емполи, Каљари и Милан, а очекувањата се Португалецот да биде
рехабилитиран од повредата до првио меч против Ајакс во четвртфиналето од
Лигата на шампионите.

34 годишниот
Роналдо мораше предвреме да го напушти мечот против Србија во европските
квалификации кој заврши со реми од резултат 1-1, а по мечот ги уверуваше
фановите на Старата дама дека повредата не е ништо сериозно.

Не сум загрижен,
го знам моето тело, се случува, ова е фудбал, добар сум бидејќи знам дека ќе се
вратам за една до две седмици
“ рече Португалецот.


Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com и добиј до 100 ЕУР БОНУС на прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×