Роналдо изедначи рекорд стар 50 години, Јувентус рутински против СПАЛ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата Дама“
прокнижи нови три бода откако вечерва пред своите фанови без многу проблеми
славеше над СПАЛ со 2-0.

Резултатот го
отвори Кристијано Роналдо во 29. минута. ЦР7 најдобро се снајде по слободниот
удар на Пјаниќ и донесе 1-0.

По еден час игра беа решени сите дилеми. Коста биеше силно, голманот на СПАЛ
одбрани, но Манџукиќ прв стигна до одбиената топка и ја смести во мрежата за
2-0.

Со денешниот
погодок, Кристијано Роналдо изедначи рекорд стар 50 години. Тој е првиот играч
на Јувентус по Пјетро Анастаси во сезоната 1968-69 кој стигнал до девет
погодока во првите 13 меча од Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×