Португалецот
вчера го имаше настапот број 400 во дресот на Реал Мадрид, и уште еднаш покажа
дека е страшен голгетер.
ЦР7 постигна два
гола на Сигнал Идуна Парк, и стигна до бројката од 412 погодоци за „Кралевите“.
По крајот на
натпреварот тој даде интервју за Мега и упати порака до сите оние кои се
сомневаат во него.
„Се чини дека на
секој натпревар треба да демонстрирам кој сум” – вели Кристијано Роналдо. „Изненаден сум од мислењето на
јавноста за мене, критиките стануваат се полоши а јас сум пример за
професионалец”.
„Бројките
говорат сами за себе. Среќен сум што го одиграв натпреварот број 400 и што го
правам она што треба да го правам, односно да постигнувам голови. Не знам колку
точно погодоци имам постигнато, но оние кои зборуваат лошо за мене сигурно знаат
подобро”.
Изминатиов период
неколку играчи на Реал Мадрид ставија потписи на нови договори, па Португалецот
беше запрашан дали може да се очекува и тој да ја продолжи верноста.
„Тоа е добро
прашање. Јас сум среќен и работите треба да се случуваат спонтано. Среќен сум
за моите соиграчи кои добија нови договори. Но дали јас ќе бидам следен е
најдобро да го запрашате претседателот, тој ќе ви даде подобар одговор од
мене…”
Изминатово лето често се
говореше дека Кристијано Роналдо не е среќен во Мадрид и Шпанија и размислува
за заминување од Реал Мадрид.
„Дали тоа го
слушнавте лично од мене? Луѓето секој ден зборуваат за Кристијано. Не можам да
им одговорам на сите, не живеам за новинарите, живеам за фудбалот”.
Кога му беше
посочено дека гласините започнале од неговата родна Португалија, тој додаде: „Понекогаш
започнуваат во Португалија, понекогаш во Шпанија или Германија. Секоја сторија
со името на Кристијано брзо со шири низ целиот свет. Кога сте голем играч,
луѓето зборуваат за вас”.