Роналдо им замери на соиграчите по лошото прво полувреме: Не знаеме да се браниме! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ беа
во подредена улога во првите 45 минути на Сан Паоло, Наполи беше подобар
противник, домаќините упатија дури 11 удари и имаа водство од 1-0.

Кристијано
Роналдо не беше задоволен од ваквиот развој на настаните, па пред играчите на
Реал Мадрид да истрчаат на теренот за второто полувреме, Португалецот имаше
замерки за играта.

Камерите го
уловија ЦР7 како во подтрибинскиот простор нервозно им се жали на Пепе,
Бензема, Касемиро и Марсело.

„Не знаеме да се
браниме!
– беше
замерката на Роналдо.

Реал заигра
подобро во вторите 45 минута, Серхио Рамос одново истапи кога е најпотребно, па
гостите не дозволија сензација.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани