Последната титула
во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо ја подигна играјќи во дресот на
Реал Мадрид, а моменти потоа јасно посочи дека финалето против Ливерпул можеби
е последниот меч за него за „Кралевите“, тоа се потврди подоцна.
Роналдо потоа се пресели
во тимот на Јувентус, а Реал Мадрид по неговото заминување западна во голема
криза, по што следеше и враќање на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот
гигант, но, ни тоа не помогна за тимот да се врати на старите победнички
патеки.
Нема дилеми во
тоа дека Португалецот во Торино е комфорен, меѓутоа јасно е дека не е на своето
ниво, на она на кое настапуваше во Реал Мадрид, а според шпекулациите кои
пристигнуваат од Шпанија, се вели дека тој жали за одлуката да си замине од „Кралскиот
клуб“.
Според пишувањата
на весникот „АБЦ“, се вели дека Роналдо им се доверил на своите најблиски во
приватниот живот дека голема грешка било тоа што ја напуштил шпанската
престолнина.
Весникот
известува дека Роналдо силно верувал дека доколку би продолжил во Реал Мадрид,
тој исто така би ги освоил и последните две едиции на „Златната топка“.