Португалецот ги
доби сити индивидуални награди за 2016, а последното признание доаќа од Кина
каде фудбалските фанови го прогласија за МВП пред Лео Меси.
Но и покрај тоа,
Кристијано Роналдо често е мета на критичарите, а дури и фановите на Реал Мадрид
удрија по ЦР7 во последните неколку недели.
„Не им обрнувам
внимание на критичарите” – вели Кристијано Роналдо. „Сите имаат хејтери, тоа е
дел од бизнисот”.
„Секоја вечер си
легнувам во добро расположение, среќен. Мирно спијам”.
„Не сум тука да
ги задоволам моите критичари, тука сум да ги направам среќни моите фанови, оние
кои ме почитуваат и ме обожаваат, оние кои се со мене постојано. Тоа ми е
поважно”.
За неговото
ривалство со Лео Меси, Португалецот вели: „Тој се обидува да го даде максимумот
за неговиот тим јас за мојот. Ривали сме бидејќи играме за различни клубови, но
надвор од теренот имам нормален однос со него”.
„Луѓето постојано
не споредуваат, дури ги споредуваат и нашите деца, кој е побрз, попаметен…
Тоа е дел од бизнисот. Јас мислам дека не можат да се прават споредби.
Кристијано е Кристијано а Меси е Меси. Двајцата се одлични играчи,
индивидуалните и тимските трофеи го покажуваат тоа”.
„Јас не сакам да
споредувам, кај мене не постои овој збор. Ние сме различни, двајца фудбалери
кои си ја вршат својата работа, ништо повеќе”.