73
Реал Мадрид и
Барселона ќе ги судрат копјата во недела, во првата пресметка помеѓу овие два
клуба во рамките на шпанскиот Суперкуп.
Според
информациите кои ги објави „Марка“, се вели дека Кристиано Роналдо ќе игра
повеќе во однос на европскиот Суперкуп и дуелот со Манчестер јунајтед, каде
Кралевите во Скопје славеа со 2-1 а Португалецот ги одигра последните седум
минути од мечот.
Во договор со
стручниот штаб, се шпекулира дека Роналдо би играл 40 до 45 минути на „Камп Ноу“,
додека пак на реваншот нешто повеќе, со тоа што за гостувањето на „Риазор“ кај
Депортиво Ла Коруња во воведното коло од Примера би бил целосно подготвен за да одигра 90 минути.