Се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо може да поптише краткорочен договор со Интер Мајами само за да настапи на Светското клупско првенство.
Актуелниот договор на Роналдо со Ал-Наср истекува по крајот на сезоната, овој клуб не е дел од Светското клупско првенство (СКП).
Со оглед на тоа што СКП ќе се одржува на четири години, ова лето е единствената шанса на Роналдо да игра на ова натпреварување, но мала е веројатноста тоа да се случи.
Медиумите сепак го поврзуваат со клубови каде би можел да потпише краткорочен договор од неколку месеци за само да настапи на СКП.
Претходно беше поврзуван со Реал Мадрид, а сега со Интер Мајами. Се пишува за креирање на историја, Роналдо и Меси заедно да настапат во ист тим.
И Фабрицио Романо го даде мислењето за овие гласини. Според него, нема апсолутно никаква вистина во ваквите написи, нема интерес од Интер Мајами за ангажман на Роналдо.
Интер Мајами како еден од домаќините на турнирот доби право на настап.
Меси сигурно ќе биде дел од Светското клупско првенство, а дали Роналдо ќе успее да биде таму и на кој начин, останува да се види.