Роналдо и дома не може да крене глава од критики: Мајка ми ме прашува што ти е?

by
1 минути читање

ЦР7 игра во лоша
голгетерска форма на почетокот од сезоната, до овој момент има само еден погодок
во првенството на Шпанија а Реал Мадрид заостанува осум бода зад лидерот
Барселона.

Па овој пост критичарите го искористија за одново да удрат по Португалецот. Во
разговор со Лекип, Кристијано Роналдо сега открива дека не е поштеден ниту
дома, и неговите најблиски често знаат да му приговорат.

„Видете, не ги
критикувам луѓето кои ме критикуваат кога не постигнувам голови, но се случуваат
чудни работи во мојот дом
– вели ЦР7.

„Кога нема да
дадам гол, мојата мајка ме прашува зошто, син ми ме прашува зошто, брат ми,
сестра ми… сите ме прашуваат „Што ти е? Кој е проблемот?“

Во интервјуто,
кое во целост ќе биде објавено во утрешниот број на Лекип, Кристијано Роналдо
исто така вели дека не се плаши од ПСЖ бидејќи Реал Мадрид е актуелен европски
шампион и првиот тим кој го одбранил трофејот.

Исто така најави
дека се додека игра фудбал ќе се обидува да ја освои престижната индивидуална
награда „Златна Топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани