Роналдо и Ал Наср се плашат од гостување во Иран

by bojan
1 минути читање
Роналдо, Ал Наср

Ал Наср на Кристијано Роналдо на 22. октомври треба да гостуваат кај Естеглал во Техеран во рамките на азиската Лигата на шампиони, но клубот од Саудиска Арабија преферира мечот да се игра на неутрален терен.

Војната на Блискиот Исток помеѓу Израел, Либан и Иран може да креира проблеми во азиската Лига на шампиони.

Ал Наср на Кристијано Роналдо треба да гостува во Техеран на 22. октомври за пресметка против Естеглал.

Но клубот од Саудиска Арабија преферира натпреварот да се игра на неутрален терен.

„Внимателно ги следиме случувањата и работиме на тоа натпреварот да се игра на неутрален терен“ – рекол извор од Ал Наср за весникот Ал Ријадија.

„Сепак, во моментов немаме доставено официјално барање до Конфедерацијата на Азија за да се промени теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани