Роналдо и Ал Наср одлучиле – Португалецот потпишува нов договор!

by Стефан
1 минути читање

Португалецот, Кристијано Роналдо според последните информации, иако има 40 години ќе потпише нов договор со Ал Наср кој ќе има важност од две години.

Договорот кој го има Роналдо во овој момент истекува на крајот од актуелната сезона и претходно се шпекулираше дека ќе стави потпис на двегодишен договор од кој ќе заработи дури 200 милиони евра.

Сезонава Роналдо настапи на 34 натпревари во кои постигна 30 голови и подели четири асистенции.

Како што е познато најголемата цел за Роналдо во кариерата сега е да дојде до бројката од 1000 голови, но исто така сака да настапи и за Португалија на Мундијалот во 2026 година.

Во редовите на Ал Наср, Роналдо игра од 2023 година кога пристигна по втората епизода во Манчестер јунајтед,

Можно е и ова да ти се допаѓа

×