921
Маурицио Сари на прес конференцијата потврди дека Роналдо поради повреда е неизвесен за дуелот со Бреша, а сега тоа е и официјално.
Тој мечот ќе го пропушти поради повреда на бутниот мускул. Но повредата не е сериозна и се очекува вечерва да биде присутен во Милано на доделување на наградите на ФИФА.
Но, добри вести за Јуве се дека Игуаин е во составот и покрај стравувањата дека ќе отсуствува поради скршеница на носот.
Утре се очекува деби за Бреша да има нивното ново и големо засилување, Марио Балотели.