76
Кристиано Роналдо е добитник на престижната награда на
ФИФА за најдобар фудбалер за 2017. година, откако Португалецот освои поголем
број од гласовите, вклучително и оние на селекторот и капитенот на Македонија, Ангеловски, односно Пандев.
Интересно, Роналдо своите гласови ги дал на тројца свои
соиграчи од Реал Мадрид, за прв избор го пикирал Лука Модриќ, како втор Серхио
Рамос, односно Марсело како трет.
Меси пак гласал за двајца свои соиграчи и еден поранешен
од Барселона, како прв избор го пикирал Луис Суарез, втор Андрес Иниеста и
Нејмар кој летото се пресели во ПСЖ како трет избор во гласањето.