„Роналдо ги сака!“ – Кориере дело Спорт објави шест играчи по кои ќе тргне Јувентус ова лето (ФОТО)

by
1 минути читање

Често се пишува
за тоа дека Кристијано Роналдо има желби со кого да игра покрај себе во
Јувентус, а ваквите стории зачестија по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Португалецот побарал од лидерите на „Старата дама“ да го одврзат ќесето и да донесат засилувања за следната
сезона да можат да бидат поконкурентни во најелитното европско натпреварување.

Денешното издание
на Корире дело Спорт го смести напаѓачот на насловната страна и ги објави
трансфер плановите на Јувентус достојни за ЦР7.

Во сторијата со
наслов „Роналдо ги сака“, весникот наброја шест играчи за кои
Португалецот дал зелено светло. На списокот има
по двајца дефанзивци, фудбалери од средниот ред и напаѓачи.

Костас Манолас од
Рома и Рафаел Варан од Реал Мадрид се имињата за засилување на одбраната, Танги
Ндомбеле
од Лион и Иско од Реал Мадрид се засилувањата за средниот ред, додека
Федерико Киеза од Бенфика и Жоао Феликс од Бенфика се опциите за форот.

Останува да се
види што ќе се случи летоска, но за еден ваков трансфер пазар, Јувентус ќе
треба да продаде половина тим. Најефитн на списокот е Костас Манолас кој има
откупна клаузула која според некои медиуми изнесува 36 милиони евра.

Но сите други
вредат двојно ако не и тројно повеќе (Жоао Феликс има откупна клазула од 120 милиони евра и ова е сумата која Бенфика инсистира да биде платена).

Синоќа и
Тутоспорт најави ѕвезден трансфер пазар, на нивниот список, покрај овие шест
играчи имаше уште неколку имиња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×