153
Португалецот оваа недела изрази зачуденост од критиките кои пристигнуваат на негова адреса откако со два гола ја реши Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Тој денеска имаше нов потег кој ќе привлече големо внимание. ЦР7 силно шуитна една топка кон новинарите кои од балконот го следа тренингот на „Кралевите“.
Останува да се види дали ова е некоја порака, бидејќи според пишувањата на АС, Кристијано Роналдо не се шегувал. Тој имал вакви потези и во минатото, но никогаш претходно не шутнал толку силно.