Роналдо, Фиго, Кварезма, Нани…Почина човекот кој ги откри најголемите португалски таленти

by Стефан
1 минути читање

Aурелио Переира кој работеше како скаут во португалскиот клуб Спортинг и откри бројни таленти меѓу кои Кристијано Роналдо и Луис Фиго почина на 77-годишна возраст.

Во 1988 година Переира создаде оддел во Спортинг кој беше задолжен за развој на некои од најдобрите португалски фудбалери.

„Не напушти еден од најголемите симболи на светското тренирање, но неговото наследство ќе живее вечно. Никогаш нема да престанам да бидам благодарен за се што направи за мене и за многу други фудбалери, господине Аурелио, ви благодарам. Почивајте во мир“, објави Роналдо.

Переира исто така ги откри: Пауло Футуре, Нан и Рикардо Кварезма, неверојатно звучи податокот дека дури десет членови на португалската репрезентација која го освои Европското првенство во 2016 беа откриени од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани