Португалецот ова
лето имаше продолжен одмор поради настапите со својата селекција на Купот на
Конфедерации, а се чини дека проблемите кои настанаа со даночните власти во
Шпанија додатно влијаеа тој да биде поштеден.
Роналдо на
тренинзите на Реал Мадрид се врати на почетокот на овој месец, но натпреварот
против Манчестер јунајтед на Суперкупот кој се одигра во Скопје и на кој
Кралевите славеа со 2-1, започна од клупата за резервни фудбалери.
Она што е
интересно, е фактот што Роналдо ги одигра последните 10 минути на мечот во
Скопје, а по крајот на истиот и целата свечена церемонија во доделувањето на
пехарите, излезе на теренот и тренираше околу 15 минути.
Медиумите во
Шпанија најавуваат дека тој целосно ќе биде подготвен за првиот двобој против
Барселона во рамките на Суперкупот на Шпанија, предвиден да се одигра на „Камп
Ноу“ во недела, реваншот се игра три дена подоцна во Мадрид.