1,1K
Португалската супер-ѕвезда Кристијано Роналдо би можел наскоро да направи промена на клупската средина.
Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни, а сега се најавува можно заминување. Португалецот не е премногу задоволен со фактот дека тимот не се бори за најголемите трофеи во Саудиска Арабија и токму тоа може да го натера на промена на средината.
Сепак, тој не би одел далеку бидејќи се споменува интерес од лутиот ривал Ал Хилал. Шампионот на оваа земја размислува да не го продолжи договорот со Нејмар, па во своите редови да го доведе Роналдо како негова замена.
Адут повеќе за трансфер во Ал Хилал е фактот дека овој тим ќе игра на Светското клупско првенство за разлика од Ал Наср кој не се пласираше.