Роналдо е најлош изведувач на слободни удари во Серија А

by
1 минути читање

Роналдо има постигнувано спектакуларни голови од слободен удар за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Португалија, но се уште не за Јувентус.

„АС“ извади статистика која вели дека Роналдо шутирал 24 пати од слободен удар за Јувентус од нив 15 обиди завршиле во живиот ѕид, а не постигнал ниту еден гол.

Откако се мери статистиката Роналдо е најлош изведувач на слободни удари во Серија А, претходно бил Камило Киано од Фросиноне кој имал 21 неуспешен обид.

Јувентус има многу поуспешни изведувачи на слободни удари од Роналдо, па можеби е време на Португалецот да му биде одземена улогата на изведувач на прекините.

Пример, Пауло Дибала има дадено девет гола од слободен удар за Јувентус, Миралем Пјаниќ седум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×