Кристијано Роналдо Жуниор, 14-годишниот син на славниот Португалец ги направи првите чекори во националниот дрес на својата земја. Тој настапи за младинската селекција на Португалија до 15 години на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, што се одржува во Хрватска.
Младиот Роналдо доби шанса во второто полувреме од натпреварот против Јапонија, кој Португалците го добија со убедливи 4:1. Во игра влезе во 53. минута, но не остави посебен впечаток на теренот. Сепак, Роналдо не го криеше задоволството и се огласи на социјалните мрежи.
„Честитки за дебито во дресот на Португалија, сине. Многу сум горд на тебе“, напиша ѕвездата на Инстаграм.
Младиот Роналдо го носеше дресот со број 7, бројот на неговиот татко.. Медиумите пренесуваат дека со него во Хрватска е и мајката на Роналдо, Долорес.
Parabéns pela estreia por @selecaoportugal, filho. Muito orgulho em ti! pic.twitter.com/BWbKDewDnZ
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 13, 2025