Првиот клуб во
кариерата на Кристијано Роналдо, Спортинг од Лисабон е во преговори за да го
промени името на својата домашна арена каде ги игра натпреварите пред своја
публика, а веројатно е дека во блиска иднина „Алваладе“ ќе добие промена во
своето име, пишува О Јого.
Според
португалскиот весник, постојат две опции за новото име на арената на Спортинг
Лисабон, едната е „ЦР7 Стадион“ или „Алваладе ЦР7“.
Претседателот на
тимот од Лисабон, Фредерико Варандас, според информациите размислува сериозно
на оваа тема за името на стадионот на клубот, а тој наводно веќе почнал и
преговори со претставниците на Кристијано Роналдо, за да се дојде до согласност
од негова страна, идејата веќе добила зелено светло од останатите високи
челници во Спортинг Лисабон.
Нема дилеми во
тоа дека Кристијано Роналдо е глобален бренд кој сигурно ќе му помогне на
Спортинг Лисабон за да ја зголеми својата популарност и да донесе повеќе
спонзори во клубот, се уште не е дефинирано ништо на оваа тема, но од Спортинг
имаат голема желба ова прашање да го затворат што е можно во поблиска иднина.