160
Уште една вечер
во Серија А во знакот на Кристијано Роналдо, Португалецот против СПАЛ два пати
испиша историја. Гостувањето на „Паоло Маца“ беше 1.000-от натпревар во
професионалната кариера на ЦР7, кој потоа изначи рекорд на Батистута и
Кваљарела.
Кога кон финишот
на првиот дел погоди за 0-1, Кристијано Роналдо стана само третиот играч во
историјата на Серија А кој постигнувал гол на 11 натпревари во низа.
По еден час игра,
Ремзи атрактивно погоди и ја префрли топката преку голманот на СПАЛ за 0-2. До
крајот на мечот, домаќините намалија на 1-2 со голот на Петаља од пенал, но немаа
сила да го изненадат актуелниот шампион и лидер на табелата.