Роналдо добил улога во еден од најпознатите филмски серијали во светот!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо наскоро би можел да се испроба и во актерските води, и тоа во една од најпопуларните филмски франшизи во светот.

Гласините ги подгреа ѕвездата на „Брзи и бесни“, Вин Дизел, кој преку објава на социјалните мрежи откри дека 40-годишниот Португалец добил улога во следното продолжение од серијалот.

Вин Дизел, кој во франшизата го толкува ликот на Доминик Торетo, сподели фотографија со Роналдо и со тоа јасно стави до знаење дека филмските автори сериозно сметаат на фудбалската икона.

„Напишавме улога специјално за него“, порача Дизел.

Следното продолжение, кое треба да го носи насловот „Брзи засекогаш“, е најавено како големо финале на сагата што започна уште во 2001 година. Се очекува филмот да пристигне во кината во 2026 година.

Инаку, Роналдо веќе направи конкретни чекори кон филмската индустрија. Во април годинава, напаѓачот на Ал Наср основаше филмско студио заедно со познатиот британски режисер и продуцент Метју Вон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×