159
ЦР7 на теренот на Камп Ноу помина дваесетина минути, но беше прилично експониран на првото „Ел Класико“ во сезоната.
Тој постигна гол со кој го донесе Реал во предност од 1-2, и при прославата, го соблече дресот и го покажа кон публиката на Камп Ноу, копирајќи го фамозниот потег на Лео Меси од пред неколку месеци.
За овој потег тој влезе во бележникот на судијата, а неколку минути подоцна доби нов жолт картон.
По еден контакт со Умтити, Роналдо падна во шеснаесетникот и бараше пенал, но судијата процени дека ЦР7 одглумил па му додели нов жолт и црвен.
Португалецот сметаше дека неправедно е исклучен, ги загуби нервите и го турна судијата.