Роналдо без „влакна на јазикот“: Го откри најлошиот соиграч во неговата кариера

by Стефан
1 минути читање

Славниот Роналдо беше гостин во подкастот на неговиот добар пријател Ромарио со кого ја делеше и соблекувалната низ кариерата.

Роналдо во разговорот со Ромарио го откри и најлошиот соиграч во неговата кариера. Бразилецот беше без „влакна на јазикот“ и го избра Томаш Гравсен со кого беше соиграч во Реал Мадрид.

„Беше навистина одлично момче, фин човек. Неодамна освои покер турнир за 50 милиони долари или така нешто, но во фудбалот беше многу лош. Агресивно маркираше и силно удираше. Тоа беше смешно“, се потсети Роналдо на Гравсен.

Заедно Роналдо и Гравсен беа во Реал Мадрид во сезоната 2005/2006, но и една полусезона претходно бидејќи Гравсен во Мадрид пристигна во јануари 2005 годна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×