87
Уште еден
неуспешен обид на Роналдињо да излезе од затвор во Парагвај. Според пишувањата
на УОЛ, адвокатот на Бразилецот во петокот доставил нова жалба, која веднаш
била одбиена.
Тој побарал поранешниот
ас на ПСЖ, Барселона и Милан и неговит брат, наместо зад решетки, да бидат
сместени во куќен притвор а како гаранција понудил 1,6 милиони долари.
Популарниот Дињо
ќе требал да престојува во изнајмен апартман во Асунсион, а за да докаже дека нема
намера да избега, било предложено имотот да биде под постојан надзор на
полицијата.
Сепак, судијата не
го прифатил барањето, па Бразилецот останува во затвор.