Како што е веќе
познато, Роналдињо беше уапсен во Парагвај поради тоа што во таа земја влегол користејќи
лажен пасош, причината да отиде во таа земја била поради присуство на
хуманитарен настан, меѓутоа сега тој е во комплицирана ситуација.
Иако адвокатот на
поранешниот фудбалер посочи дека неговиот клиент добил дозвола да се брани од
слобода, по што предвидено беше да се врати во Рио Де Жанеиро, сепак, парагвајските
власти го уапсија пред да се качи на авионот, па повторно го вратија од затвор.
Парагвајскиот
новинар Ернан Родригез објави фотографија од Роналдињо во затвор, каде е заедно
со својот брат, па на фотографијата можеме да забележеме дека неговото лице е
како во најдобрите фудбалски денови од неговата кариера, насмеано дури и во
една ваква ситуација.
Инаку вистинскиот
пасош на поранешниот бразилски фудбалер беше одземен од бразилските власти уште
во 2018. година поради тоа што Роналдињо има казна од 2,3 милиони долари која се
уште ја нема платено, а сето тоа е поради нелегално градење објект во Јужен
Бразил.