169
Тешко дека некој навивач
на Барселона туку така би прифатил првата ѕвезда на тимот моментално Лионел
Меси да си замине од клубот, но, се чини дека топката ја спушта поранешниот
фудбалер на каталонскиот гигант, Роналдињо кој ужива голема популарност кај
фановите на овој клуб.
Бразилецот го напушти „Камп
Ноу“ пред девет години, и покрај фактот што има улога на амбасадор на
Барселона, тој вели дека би го поддржал Меси доколку сака да си замине, но
неговата желба на оваа тема е сосема поинаква.
„Доколку неговото срце
вели дека треба да си замине во друг клуб, и покрај тоа што сум амбасадор на
Барселона, би го поддржал, но би сакал да остане во Барселона“ вели Роналдињо.