255
Роналд Араухо ќе стави потпис на нов договор со Барселона, иако се зборуваше дека можеби ќе замине.
Уругваецот имаше одличен кам-бек по тешката повреда и успеа да се договори со управата за продолжување на соработката. Двете страни ќе потпишат соработка до јуни 2031 година, пет ипол годишен договор.
Се очекува набргу да падне официјалниот потпис на Араухо со Барселона. Уругвајскиот стопер од 2018 година е член на каталонскиот гигант откако пристигна од редовите на Бостон Ривер.