Ромарио: Е*и го Анчелоти, сакам Диниз да остане селектор на Бразил!

by
2 минути читање

Весникот „О’Глобо“ најавува мега интервју со Ромарио и пушта дел од изјавите на Бразилецот кои ќе бидат емитувани во него.

„Е*и го Анчелоти! Јас сакам Диниз да остане селектор на Бразил до крајот“, изјавил Ромарио во интервјуто.

Се верува дека Карло Анчелоти треба да ја преземе бразилската репрезентација на лето, двете страни веќе се договорени. А во меѓувреме Бразилците го назначија Фернандо Диниз за привремен тренер.

Диниз е тренерот на Флуминенсе за кој претходно пишувавме, оној кој го разбранува фудбалот во Јужна Америка, со новата, иновативна тактика која го врати сјајот на играта.

Ромарио е фан на Флуминенсе, па одблиску ја прати работата на Диниз.

„Сакам да му честитам на Едналдо Родригес, претседателот на ЦБФ (Бразилската фудбалска федерација), бидејќи направи одлична работа со изборот на Диниз. Тој е најдобриот тренер што го имаме во Бразил. Уште немал доволно време со репрезентацаијата за да го направи тоа што го прави со клубот, а тоа е тренирање, соединување на фудбалерите, нешто што претставува сила. Сега прави што може. Одиграа нерешено и загубија на последните две средби, но никој не победува постојано“, вели Ромарио.

Во интервјуто го прашале и за новиот тренд на заминување на печалба на Блискиот Исток.

„Да играв сега и јас ќе заминев. Мора да одат таму. Фудбалерите имаат 10 до 15 години во својата врвна кариера и мора да извадат максимум од тоа време финансиски, особено оние кои немаат надеж дека ќе бидат меѓу најдобрите во светот“, го кажал својот став 57-годишниот Ромарио.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани