Работнички има
минимална негатива против Динамо Минск на реванш мечот во Белорусија откако во
првиот дуел во Скопје двете екипи ремизираа со резултат 1-1.
Фактот што ниту еден од петте удари кои ги упатија кон противничкиот гол, фудбалерите на нашиот претставник, не завршија во рамките на голот на Динамо Минск, говори за тоа што се случува на мечот во Белорусија.
Ако се земе во
предвид дека нашиот претставник мора да постигне гол на гостувањето во Минск,
почетната фаза на мечот мина мошне динамично, но првата шанса ја имаа
домаќините во 17. минута, Нојок од огромна далечина упати добар удар, но истиот
беше за малку непрецизен.
Две минути подоцна
Работнички можеше да ја реализира првичната цел по која отиде на гостувањето во
Белорусија, капитенот Трајчевски изби сам очи во очи со противничкиот голман,
но беше неговиот удар беше крајно непрецизен.
Домаќините веднаш
возвратија и ја казнија сто процентната прилика на Работнички преку Нојок во
21. минута.
Белорусите преку
Квалшчински во 30. минута имаа одлична прилика да го дуплираат водството,
најнапред следеше одлична реакција на Шишковски, но тој беше излезен при што
можеше лесно да биде матиран со лоб, за среќа, ударот на противничкиот фудбалер беше
непрецизен.
Во втората половина на првиот дел Работнички дојде до неколку мини-прилики преку Алили, Дурански, Најденов и Велинов, но нивните шанси не беа искористени, па така домаќините го сочуваа минималното водство до истекот на првите 45 минути игра.
Работнички:
Шишковски, Најдовски (Сахити 30’), Митрев, Херера, Дурански, Најденов,
Велинов, Маркоски, Билали, Трајчевски и Рашо.
Мечот на арената
„Трактор“ во Минск го суди Французинот Николас Рејнвил.
Фото: ФК Динамо Минск (Twitter)