Шкендија сензационално го доби двомечот против ФЦСБ, победувајќи го романскиот тим двапати во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
ФЦСБ по ждрепката размислуваше за следната рунда, но Шкендија ги приземји и им одржа лекција. За романскиот гигант, кој има тим вреден 50,18 милиони евра, ова е вистинска катастрофа. Највреден им е капитенот Олару со 7,5 милиони евра, а по него се Бирлигеа и Тарновану со по пет, додека Адриан Шут е проценет на 4,5 милиони.
Наспроти нив, Шкендија има скромен ростер од 5,5 милиони евра, а највреден поединец е Клинсман Цаке со „само“ 600.000 евра. Но бројките не играат фудбал, тукуиграат луѓето, а токму тука тетовци направија разлика.
Со оваа победа, Шкендија си обезбеди барем учество во групната фаза на Конференциската лига, а во игра остануваат и за Лига Европа или Лигата на шампионите.