Романската легенда: Ако не бев на кокаин ќе ја освоев Златната топка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Романската фудбалска легенда Адриан Муту своевремено важеше за еден од најталентираните фудбалери.

Освен за добрите фудбалски партии, Муту остана запамтен и како играч кој падна на тестирање за дрога поради што кариерата му тргна во надолна линија. Сега во разговор за британските медиуми Романецот даде интересна изјава.

Користев кокаин додека играв за Челси. Тоа е најлошата одлука во мојот живот. Требаше да побарам помош, ама не го направив тоа. Верувам дека ќе ја освоев Златната топка, бев еден од најдобрите играчи на светот“, прокоментира Муту.

Фудбалската кариера на Муту одеше преку Аргеш Питешти, Динамо Букурешт до Интер, Верона, Парма, Челси, Ливорно, Јувентус, Фиорентина, Чесена, Ажаксио, Петролул, Пуне Сити и Таргу.

Сега 46-годишниот Мутту се обидува и во тренерските води, ама не му оди премногу. Досега ги водеше Волунтари, Романија У21, Краиова, Рапид Букурешт, Нефчи Баку и Петролул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани