205
Македонската репрезентација по пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија во Прага се врати во Скопје и веќе ги започна подготовките за неделниот дуел со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство.
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се игра во недела од 18:00 часот, а судиската четворка доаѓа од Романија. Главен судија ќе биде Хоратиу Фешник, негови помошници се Валентин Аврам и Александру Кереи, додека четврти судија е Мариан Барбу. Во ВАР собата ќе работи искусниот Овидиу Хатеган.
Победата за избраниците на Благоја Милевски значи враќање на првото место на табелата во пресрет на последните три кола од квалификацискиот циклус.